Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Споделување на електрични возила меѓу скопјани со цел намалување на емисија на штетни гасови

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска пред Владата го промовираа новиот концепт за споделување возила – Car Sharing.

Меџити објасни дека Avant2Go е првиот целосно електричен систем за споделување возила во Македонија, кој се базира на развиена техничка инфраструктура и носи повеќекратни еколошки, социјални и економски придобивки за целото општество.

„Користењето на електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директно го намалува загадувањето на воздухот, особено во урбаните средини. Дополнително, електричните возила се многу потивки од класичните, овозможувајќи подобра животна средина во градските јадра. Според светските стандарди, едно car-sharing возило може да замени 10 до 15 приватни автомобили“, истакна Меџити.

Возилата на Avant2Go Car-Sharing ќе може да се изнајмуваат на поминат километар или изминато време, а цените се движат од пет до шест денари за една минута во дневната тарифа и од два до три денари во ноќната тарифа или 22 денари за еден километар. Минималната цена за изнајмување е од 149 до 199  денари, а максималната од 1.490 до 1.990 денари, во зависност од возилото.

Министерката Божиновска истакна дека за потребите на проектот, кој е започнат лани во декември, градоначалниците на општините обезбедија паркинг за 100 возила во повеќе објекти.