Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спомен на 29 ноември – Денот на Републиката, најважниот празник во поранешна Југославија

/

пред 1065 дена

Сподели преку :

Денеска е 29 ноември, кој до распадот на Југославија, се прославуваше како државен празник – Ден на Републиката. По завршување на Втората светска војна се славеше како ден во кој се одржа второто заседание на АВНОЈ во Јајце во 1943 година. Сеќавањата на празникот бледнеат во поранешната заедничка федерација, а го паметат воглавно повозрасните луѓе.

Пионерската заклетва беше едно од обележјата на најважниот државен празник во поранешна Југославија. Последната ја положија пионерите родени во 1984 година. Празникот на братството и единството неработно го прославуваа над 22 милиона Југословени.

Иако од распадот на заедничката држава минаа повеќе од три децении, голем број на југоносталгичари од сите краеви на поранешната федерација се очекува да го посетат Музејот на историјата на Југославија и ќе положат цвеќе на гробот на Јосип Броз Тито.