Спрските студенти во блокада организираат акција под слоганот „распиши победа“, на која ќе собираат потписи со барање за вонредни парламентарни избори.
Граѓаните ќе можат да ја поддржат таа иницијатива во повеќе од сто општини и градови, на речиси 500-ини штандови.

Денешната акција нема да има програма, нема да има говори, нема да има официјални обраќања.
„Дојдете и заедно да распишеме! Потпишете ја одлуката“, порачаа студентите.
Тие наведуваат дека со собирањето потписи сакаат да проценат колку поддршка имаат кај граѓаните и да се подготват за предвремени избори.
Студентите ги сведоа сите свои претходни барања до властите во мај на само едно, распишување вонредни парламентарни избори. Сепак, властите најавија вонредни парламентарни избори за следната година.











