Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србија оди на избори на 17-ти декември

/

пред 1087 дена

Сподели преку :

Србија оди на избори на 17-ти декември. Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на Телевизија Прва рече дека ќе распише избори за 17 декември, како што вели, на барање на опозицијата.

  • Ги слушнавме сите нивни барања, побараа Белград и парламентарни избори и ги добија, избори ќе има и во Војводина, се е во најдобар ред, тие победуваат, ја освојуваат власта“, рече Вучиќ.

На прашањето дали изборите секаде ќе се одржат во ист ден, Вучиќ рече дека ги распишува парламентарните избори, а верува дека и другите ќе се одржат истиот ден.

Вучиќ рече дека изборите ќе ги распише кога ќе се врати од Њујорк, каде ќе оди на состанокот на Советот за безбедност на ОН за извештајот на УНМИК.

„Одам во Њујорк на 21 октомври, па ќе распишам избори до 2 ноември, остануваат уште 65 дена“, вели Вучиќ.

Тој посочува дека изборите се важни доколку постои лажна претстава за криза на легитимитетот.

  • Србија е на пресвртница, ни треба второ полувреме, граѓаните нека кажат каква политика сакаат“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека има и такви кои не сакаат да управуваат со државата ако имаат само законитост, туку сакаат да имаат легитимитет и поддршка од народот.

Зборувајќи за она што владата го направи во последните години, претседателот изјави дека првиот дел од тешките реформи е завршен, како и дека Србија „го заштитила својот народ западно од Дрина, во Црна Гора и во други места каде што живее на територија на поранешна Југославија”.