Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средношколците вознемирени од губењето на наставата

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

Средношколците се вознемирени од губењето на наставата и пропуштениот материјал и предупредуваат дека се пробиваат роковите за матурата, со нерешавањето на прашањето меѓу владата и СОНК.

По вчерашното одбивање да ја прифати понудата на владата за 10% зголемување на платите во образованието, и одлуката на СОНК да продолжи со штрајкот, се огласија од Сојузот на средношколци. Апелираат на брзо решавање на прашањето преку преговори во наредните денови, а тие да бидат вклучени во наоѓањето на решенија за надоместување на пропуштениот материјал.

Штрајкот на СОНК влегува во деветтиот ден, што значи дека учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес, велат од Сојузот на средношколци и предупредуваат дека тоа особено е проблематично за матурантите бидејќи кај многумина од нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе им се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство.

„На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април. Затоа потребно е итно решавање на проблемот“, велат од Сојузот на средношколци. Тие потсетуваат дека веќе изгубија цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. „Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три години се вон нормалниот образовен процес“, велат од Сојузот на средношколци.