Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ: Колку вредат функционерските плати, а колку работничките животи?

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Сојузот на синдикатите на Македонија предупредува дека функционерите би можеле да си ги зголемат платите за просечно 250 евра, додека платите на работниците би се зголемиле за само 25 евра, по објавата на Државниот завод за статистика за раст на просечната плата од 9,6% во 2025 година.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов наведува три можни сценарија: функционерите да ја зголемат минималната плата и останатите плати за 9,6%, да го намалат коефициентот за да го избегнат зголемувањето, или да ја сменат основицата за пресметка на платите и да ги намалат коефициентите за 40%.

Според него сите три сценарија го фаворизираат функционерскиот интерес, додека работниците добиваат значително помал ефект.

Во среда пред пратениците ќе се најдат коригираните коефициенти за функционерските плати, кои треба да го ограничат нивното зголемување.

Владата претходно потврди дека ќе се направи редовно усогласување на платите според законските прописи и усвоениот стандард.