Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ: Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што претставува намалување од 88 денари во однос на мај, кога изнесуваше 68.742 денари.

Со вклучена кирија за стан од 60 квадратни метри, вкупната вредност достигнува 84.024 денари, покажуваат најновите податоци.

Најголем дел од трошоците и понатаму отпаѓаат на храната и пијалаците, кои учествуваат со 36,6 отсто од вкупната кошница. Следуваат трошоците за образование, станарина и комуналии, како и облека и транспорт, кои заедно формираат значаен дел од месечните издатоци на едно домаќинство.

Во структурата се опфатени и трошоци за здравје, комуникации, рекреација и култура, ресторани и други услуги.