Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стабилен ББ+, но сè уште не е инвестициски – „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

/

пред 1092 дена

Сподели преку :

„Фич“ предупредува на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа.

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава сè уште не е инвестициски.

За оваа година, „Фич“ проектира дека БДП ќе порасне до 1,9 отсто на годишно ниво. Забрзување до 3,5 се очекува за следната, а до 3,9 отсто во 2025 година. Овој раст ќе се должи, според „Фич“, на нето приливите од странските директни инвестиции.

„Фич“ прогнозра дека растот во следниот период ќе може да се потпре и на потрошувачката која ќе расте затоа што реалните плати се враќаат во позитивната зона. Потрошувачката особено ќе забрза, смета „Фич“, по интензивирање на активностите на „Бехтел и Енка“ на автопатите, како и заради приватните инвестиции во енергетскиот сектор.