Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија „ББ-“

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија на ниво ‘ББ-’ со стабилни изгледи, што, според Министерството за финансии, претставува силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност на земјата.

Во извештајот се наведува дека економскиот раст забрзува, поддржан од зголемени јавни инвестиции, раст на платите и пензиите и подобрена наплата на приходи.

Агенцијата очекува раст од околу 3,5% во 2026 година и постепена стабилизација на среден рок, со зголемена улога на приватните инвестиции.

„Стандард и Пурс“ оценува дека фискалната консолидација е во тек, со проектиран буџетски дефицит од 3,5% од БДП во 2026 година, при задржување на високо ниво на капитални инвестиции.

Воедно, се посочува дека натамошните институционални и структурни реформи можат дополнително да го подобрат кредитниот профил на земјата.