Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Станков: Јаглерод моноксид е доминантен фактор за повреда или смрт во секој пожар во затворен простор

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Кога имаме пожари во затворен простор, секогаш има повеќе фактори кои што влијаат врз здравјето и придонесуваат до создавање на повреди, одговори доктор Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма на прашање за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Имате фактор јаглерод моноксид како доминантен во секој пожар, останати гасови кои што се токсични, меѓу кои цијанводородот, понатаму јаглерод диоксид, фактор немање на кислород, фактор на висока топлина кој што со вдишување на топлиот воздух ги оштетува, значително ги ошетува дишните патишта. Она што го кажуваат преживеаните „денеска бев добар, а утре интубиран“. Сето тоа се случува заради оштетување на дишните патишта“, посочи доктор Станков.

Тој додаде дека не мора да има никакви отровни гасови, туку самите изгореници кои што се наоѓаат на слузницата на дишните патишта може многу брзо да доведат до смрт“,

„Вообичаено, пластиката и полиуретанската пена кога гори, создава цијанидни гасови, водороден цијанид. Вообичаено е тоа, а таа полиуретанска пена се става за звучна изолација. Во тек на пожар во затворени простории може да се создадат преку 200 опасни супстанции. Не можете да ги утврдите сите, невозможно е“, рече доктор Станков.

С.Д.