Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Станков: Разговараме за закон за донирање на човечки тела и органи за научно-истражувачка и едукативна цел, анатомија не се учи на пластични модели и распаднати тела

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Во разговори сум за изготвување на закон за донирање на човечки тела и органи за научно-истражувачка и едукативна цел, изјави доктор Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да знаете на што, на какви тела ние учевме анатомија, ќе се зачудите. Анатомија не се учи на пластика, на пластични модели и на распаднати тела. Анатомија се учи на свежо човечко тело. Ако сакаме да имаме добри лекари, прво тие ќе треба да научат анатомија, па ќе научат физиологија, па патофизиологија, па патологија, па се друго“, истакна доктор Станков.

Тој додаде дека органи кај починат човек не се земаат за трансплантација.

„Тоа е невозможно. Органи за трансплантација, еве јавно кажувам, не се земаат од починат човек. Се земаатод човек кој што е правно починат, кој што има мозочна смрт, меѓутоа со механичка вентилација, циркулација, итн., односно со употреба на машини, тој човек се одржува жив“, изјави доктор Станков.

За случајот „извоз на мозоци“ во САД, доктор Станков рече дека му е мило што обвинителството отворило предмет по допрен глас, документација постои за се што е работено.

„Нека заврши процесот, на крајот ќе излезе во јавност и ќе видиме колкава ќе биде штетата“, додаде доктор Станков.

С.Д.