Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Луѓето од старечкиот дом во Чемерско преместени во хотел – истрагата за пожарот продолжува

/

пред 639 дена

Сподели преку :

Старите лица кои вчера беа евакуирани од старечкиот дом во Чемерско поради пожарот што ја зафати кровната конструкција, денеска се преместени во локален хотел. Во моментот на пожарот во старечкиот дом имало 32 стари лица.

Од болницата во Кавадарци каде сите беа хоспитализирани во текот на вчерашниот ден информираат дека тие биле привремено кај нив и биле направени неопходните лекарски прегледи и испитувања. Откако се утврдило дека сите се во добра здравствена состојба сместени се во хотел, каде ќе останат додека не се создадат нови услови за нивно згрижување.

„Во текот на вчерашниот ден, поточно од 19 часот до полноќ старите лица се префрлени во хотел. Тоа ќе биде привремен престој во хотел каде ќе имаат храна, хигиена и медицински надзор сите корисници од нашиот дом“, вели д-р Љупчо Јанески, сопственик на домот за стари лица Д-р Јанески.

Полицијата продолжува со истрагата за причините за пожарот, кој целосно ја уништи кровната конструкција на домот. Според првичните информации, пожарот избувнал рано наутро, но детали за тоа што го предизвикало сè уште се истражуваат.

  • „Околу 9.55 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во домот за стари лица во селото Чемерско, кавадаречко настанал пожар на кровна конструкција. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од територијална противпожарна единица Кавадарци. Увид е извршен на место на настанот“, изјави Ненад Колев, СВР Велес.

Пожарот во вчерашните утрински часови брзо се проширил на кровната конструкција, но поради брзата реакција на службите, сите 32 корисници на домот беа успешно евакуирани. Во спасувачката акција учествуваа десет пожарникари со три возила, како и медицински тимови кои се погрижија старите лица да бидат пренесени на сигурно. Иако домот беше неодамна изграден, пожарот нанесе сериозни материјални штети.

Тамара Марковска