Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, во вечерашната Топ Тема го коментираше ревизорскиот извештај во кој се нотирани забелешки за неспроведени проекти. На прашањето каде ги лоцира проблемите дали во капацитетот или во отсуство на јасни стратегии и политики по констатацијата од ревизорите дека Агенцијата не функционира како што треба, таа рече дека одговорноста е кај менаџментот.
„Секое менаџирање дали е тоа институција или фирма доаѓа од врвот на менаџментот, мислам дека станува збор за неизвршување на своите задачи на лицата поставени на клучните места придонеле до таков ревизорски извештај. Жалам поради тоа можело се да биде поинаку. Смета дека секој треба да си сноси одговорност“, истакна меѓу другото Стефаноска.
Таа најави дека наводите од ревизорскиот извештај ќе се најдат пред Обвинителството.











