Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стоп за Вардариште“ повторно протестира и бара итно решение за депонијата која го труе Скопје

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ повторно излезе на улица и ја блокираше крстосницата пред мостот „Киро Глигоров“. Тие порачаа дека нема да дозволат депонијата повторно да гори, затоа што чадот ги гуши и им создава сериозни проблеми во секојдневието.

Нивните барања се јасни – поставување камери кај депонијата, постојан чувар и ограда за да се спречат нови пожари.

Од граѓанската иницијатива ги повикуваат надлежните наутро да дојдат во Аеродром и Ново Лисиче, кога загадувањето е најсилно, за сами да се уверат во состојбата.

Експертите, наспроти тврдењата на надлежните, го делат ставот на граѓаните – во воздухот по пожарите на депониите се ослободуваат многу токсични гасови кои и во наредниот период ќе бидат закана по здравјето на луѓето.

Филип Иванов- македонска асоцијација за цврст отпад

Вардариште гореше пред една недела, а оттогаш жителите на општина Аеродром секој ден протестираат барајќи итно решавање на проблемот.

Тамара Марковска