Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нигериската армија ослободи стотици заложници, најмногу жени и деца, од милитантите на Боко Харам

/

пред 884 дена

Сподели преку :

Стотици заложници, најмногу жени и деца, држени во заробеништво со месеци или години од милитантите на Боко Харам во североисточна Нигерија, се спасени од шумска енклава и предадени на властите, објавија американските медиуми, повикувајќи се на соопштение на нигериската армија.

Според соопштението, 350-те заложници биле држени во шумата Самбиса, засолниште за екстремистичка група која водела бунт во 2009 година. Спасените 209 деца, 135 жени и шест мажи биле изнемоштени.

Некои од девојчињата носеле бебиња за кои се верува дека се родени како последица на принудни бракови.

Во текот на спасувачката операција, некои милитанти беа убиени, а нивните куќи направени од импровизирани материјали беа уништени, соопшти нигериската армија.

Ослободените заложници се пренесени со камиони до зградата на регионалната влада во државата Борно, каде властите ќе се грижат за нив додека не се вратат дома.