Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стратешки избор“: Си му укажа на Путин за важноста на унапредувањето на билатералните односи

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин ги пофали „непоколебливите темели“ на билатералните односи меѓу Русија и Кина. Неговите коментари дојдоа за време на продолжената средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.

-Нашата цел е благосостојбата и просперитетот на рускиот и кинескиот народ. Овие непоколебливи темели им овозможија на нашите односи успешно да издржат тестови на сила и отпорност во повеќе од една пригода, рече Путин.

–Нашите надлежни министерства одржуваат блиски, конструктивни контакти и активно работат на понатамошно унапредување на заедничките проекти и иницијативи, додаде тој.

Делегации од двете земји  одржаа билатерални разговори во тесен и проширен формат.

–Постојаното промовирање на долгорочен, стабилен, здрав и висококвалитетен развој на кинеско-руските односи е стратешки избор што заеднички го направивме јас и претседателот Путин, имајќи ги предвид фундаменталните интереси на двете земји и поширокиот тренд на глобален развој. Јас и претседателот Путин се согласивме да го продолжиме Договорот за добрососедство и пријателска соработка меѓу Кина и Русија, изјави Си Џипинг.

Претседателот Путин е во дводневна државна посета на Кина, со цел да ги потврди врските. Таа се одржува само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина.

Руските и кинеските лидери треба да разговараат и за енергијата и безбедноста, како и за нивните целокупни врски.

Двете страни се согласија да го продолжат договорот за пријателство, првично потпишан во 2001 година, објавија кинеските државни медиуми.

Светот со внимание ја следи- Путин на средба со Си Џинпинг