Во два одвоени случаи, кај наплатната рампа Романовце полициски службеници открија два случаи на транспорт на патници со комби возила кои не поседувале лиценца за обавување на дејноста.
Во двата случаи, како што информира МВР, сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на П.Љ. од Струмица, а второто сопственост на Р.Ј. од Струмица, а управувано од страна на Ч.Ѓ. од Струмица.
-Притоа, од извршените контроли на возилата утврдено е дека вршеле превоз на патници без лиценца од нашата држава до Италија, по што од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба во износ од по 500 евра, сообраќајните дозволи им се привремено одземени, а возилата биле исклучени од сообраќај, соопшти МВР.











