Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмица веќе трет ден е без вода

/

пред 761 дена

Сподели преку :

Браната Турија не е во криза со вода, велат од Струмичко поле, АД Водостопанство. Директорот Лазо Ѓоргиев објаснува дека од вкупниот капацитет од околу 50 милиони метри кубни вода, браната сега има околу 12,5 милиони метри кубни вода.

Иако последниве години има долги сушни периоди, нивото на вештачката акумулација која ја снабдува со вода цела Струмица и околните места, но и го наводнува струмичкото поле, според раководството не сме пред водна криза.

Ѓоргиев смета дека мора да се води грижа за акумулацијата и дека се потребни инвестиции, но, нивото на водата било пониско пред дваесетина години, кога паѓало до осум милиони метри кубни вода.

Според директорот Ѓоргиев, причина за толку заматената вода последниов период во Струмица се неодамнешните дождови. Тој се сомнева дека реките што надошла од планината била со голема количина кал, со што се променила водата во браната, но дека овој проблем би требало да се надмине за неколку денови.

Од општината пак објавија и видео материјали во кои се гледаат басени со темно зелена вода. Градоначалникот Ксотадинов рече дека таква вода испорачува АД Водостопанство, и затоа е невозможно да се прочисти до степен на питка вода.

Граѓаните кои трет ден купуваат вода за пиење и готвење, пак, велат дека иако во моментов е единствен начин да се пие чиста вода онаа од маркетите, имаат сомнеж каква ќе биде водата од водоводната мрежа во иднина, бидејќи со недели водата била жолтеникава и матна, со невообичаен мирис, а институциите не предупредија да не се пие.

Во поглед на проблемот со водоснабдувањето на Струмица, АД Водостопанство побара и комуналното пторетпријатие да го плати долгот кој достигнал околу 70 милиони денари.

Сузана Мицева