Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври- Нино Васев го застапуваат нови адвокати

/

пред 374 дена

Сподели преку :

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти е одложено за 8 октомври.

Причината за одложувањето е барањето од одбраната на Васев, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство.

Дополнително, адвокатите Мартин Митровски и Никола Ставрев, кои досега го застапуваа Васев, се повлекоа од случајот, а нови бранители се Дељо Кадиев и Боби Спирковски. На денешното рочиште требаше да бидат сослушани сведоци предложени од обвинителството.

  • Со оглед предлогот упатен до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со кој се бара преземање на кривично гонење, по кој поднесок е потребно да одлучи јавниот обвинител на РСМ, судот констатира дека не се исполнети законските услови за водење на постапката од кои причини глабната расправа се одложува за 8 октомври, изјави судијката Снежана Марковска.