Суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов негираше вина во случајот со соѕиданите 350 илјади евра. Одбраната ќе докажува дека тоа се средства најдени во туѓа куќа односно во домот на неговите родители кои легално ги спечалиле. Ристов во получасовниот воведен говор правно ги анализираше кривичните дела за кои е обвинет. Противправно стекнување и прикривање имоти и Перење пари. На крајот рече дека обвинителството прави преседан со ваквото обвинение
„Согласно Уставот единствена обврска да докажуваат потекло на имот и средства е на службени и одговорни лица. Обичниот граѓанин нема обврска и не може да биде теретен и да докажува како ги стекнал сопствените парични средства. Со ваквото обвинение Обвинителството прави страшен преседан и утре може на секој обвинител и судија да му поднесат обвинение ако се најдат средства кај неговите родители со кои живеат заедно или и да не живеат заедно. Ова кривично дело е страшна злоупотреба од страна на Обвинителството“, рече Ѓоко Ристов, обвинет.
Обвинителката е уверена дека ќе докаже вина, дека парите се на Ристов и се стекнати на нелегален начин. Вели има несоборливи докази дека законски не можеле да бидат заработени овие 350 илјади евра кои се всушност 450 просечни плати пронајдени во ѕид во 13 пакувања завиткани во фолија. Ќе докажува и дека вториот кат каде што биле пронајдени парите во семејната кука во Неготино го користел и престојувал Ристов.
„Во суштина, Обвинителството го товари Ристов за непријавување на имотот, и тоа оние 350 илјади евра што се пронајдени и за кои со сигурност можеме да покажаме со проста математичка документациска финансиска основа и докази дека не може да бидат имот што легално го поседувал и тоа кривично дело во суштина ги подразбира тие елементи како и за кривичното дело перење пари кое подразбира криење, држење на пари за кои сторителот свесно знае дека се незаконити и дека потекнуваат од казнено дело“, рече Искра Хаџи Василева, обвинителка во ОЈО.
Адвокатот на обвинетиот судија најави ДНК вештачење кое го подготвува судкса медицина за разлика од она на обивнителството направнео од мвр според кое на алуминиумската фолија во која биле сокриени парите имало траги од ДНК на Ристов. Меѓу доказите на одбраната ќе биде и финасиско но и графолошко вештачење
„Јас кажав дека нашата теорија на случајот е дека Обвинителството нема случај, дека кај него ѕидовите зборуваат, доказите молчат и дека секогаш сензацијата е пред пресумпцијата кај Обвинителството“, рече адвокатот Звонко Давидовиќ.
Ристов е во куќен притвор а до него обвинителството дојде истражувајки го поранешниот државен правобранител, адвокатот Фехми Стафа кој беше обивнет а потоа призна дека зел 50 илјади евра co цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и да го спаси од притвор Љупчо Пецов – Ѓаволот обивнет во Синџир.
Тоа што судијката Билјана Коцевска која го води предметот и Ристов суделе заедно кога тој беше во Кривчниот суд, ниту според обвинителството ниту за одбраната е причина за изземање или за сомнеж за пристрасност.
Елена Ивановска











