Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани. Ова нема да го реши проблемот со недостиг на судии во градот, но ќе ја ублажи состојбата, увeрува претседателот на Судски совет, Александар Камбовски.
Во тек е анализа на судовите низ државата која треба да даде појасна слика за дефицитот на судии.











