Јапонски патнички авион се судрил со авион на јапонската крајбрежна стража на аеродромот Ханеда во Токио, при што патничкиот авион се запалил.
Според јапонските власти, биле спасени сите 379 патници и членови на екипажот, но од авионот на крајбрежната стража, кој имал посада од шест лица, биле спасено само едно лице, додека останатите пет засега се водат како исчезнати.
Јапонските медиуми пренесуваат дека авионот на крајбрежната стража кој транспортирал помош за погодените региони од земјотресот.
Засега е нејасно како успеале да се судрат двата авиони на постата на аеродромот Ханеда, каде веднаш по инцидентот беа откажани сите летови.











