Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судири на протест во Тирана

/

пред 223 дена

Сподели преку :

Судири меѓу полицијата и демонстрантите избувнаа во главниот град на Албанија, Тирана, за време на нов антивладин протест. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата, додека дел од демонстрантите фрлаа пиротехнички средства и молотови коктели.

Протестот е четврти по ред оваа година, организиран од поддржувачите на опозицијата, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама и формирање преодна влада што би организирала предвремени избори.

Немирите се случуваат само три дена по најавените измени во владата, откако Рама направи неколку кадровски промени во својот кабинет, во обид да одговори на политичката криза во земјата.