Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот определи мерки на претпазливост за 10 лица за акцијата во КПУ „Затвор Скопје“

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Кривичниот суд определи мерки на претпазливост за десетмината осомничени, меѓу кои и поранешниот директор на затвороот во Шуто Оризари, Филип Аднов кој им овозможил на петтмина осуденици, незаконски да бидат повремено ослободувани. Андов е осомничен заедно со уште девет лица во постапката на Обвинителството за гонење на органзииран криминал и корупција.

На осомничените им е одземен пасошот. Имаат забрана за напуштање на живеалиштето. Треба да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот. Не смеат да одржуваат контакти или врски со определени лица и имаат и забрана за преземање на определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело.

Петмина осуденици биле ослободувани по 8 до 10 часа со факсимил или потпис на Андов. Второосомничен е командирот на затворска полиција, кој изготувал наредба за нивен спровод, а понекогаш тоа го прваел и третоосомничениот затворски полицаец и личен возач на директорот. Останатите осомничени се затворски полицајци.

Андов дозволил привремено да шетаат на слобода пет осуденици од висок безбедносен ризик