Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судски пинг-понг меѓу Таравари и Села

/

пред 617 дена

Сподели преку :

По втор пат тетовскиот Основен суд одлучи во корист на Села, а против Таравари. Во април му ги додели партиските печати, а сега пресуди дека тој е легитимен претседател на Алијанса за Албанците.Во образложението за донесеното решение, Судот наведува дека е земен предвид членот 47 од партискиот статут во кој е наведено дека претседателот на партијата го разрешуваат две третини од присутните делегати на Конгресот и дека, од овие причини е прифатен предлогот за разрешување на Арбен Таравари.Села е задоволен од одлуката.

  • Ова е многу важна одлука за членството, затоа што се разјаснува патот на Алијанса за Албанците, се враќа на своите корени, изјави тој пред новинарите.

Сепак, партиската војна не е завршена.Таравари минатата година се жалеше на одлуката печатите да ги добие Села, а Апелациониот суд во Гостивар го врати предметот на повторно судење. Сега повторно ќе се жали.

  • Од овој корумпиран судски систем тоа и се очекува. Првиот пат, Апелација ни даде право, се надевам дека повторно ќе биде така. Печатите остануваат кај нас, вели Таравари.

Алијанса за Албанците пред последните парламентарни и претседателски избори се подели на две крила – едното на Таравари и другото на Села, кој по напуштањето на лидерската позиција стана претседавач со партиското собрание. Причина за расколот беше настапот на партијата на претседателските и парламентарни избори.

Далиборка Демјанска