Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сунак во посета на Киев, на Зеленски му вети 120 противвоздушни топови и радари

/

пред 1415 дена

Сподели преку :

Сто и дваесет противвоздушни топови, како и радарски станици, најави денеска британскиот премиер Риши Сунак за време на неговата прва официјална посета на Киев по преземање на функцијата на Даунинг стрит 10.

Новиот пакет на воена помош од официјален Лондон за Украина е дополнување на 1.000 ракети „земја-вздух“ што Британија ги вети претходно овој месец.

Најавената британска помош за Украина доаѓа во период на интензивни воздушни удари на руската авијација и артилерија врз енергетската инфраструктура во земјата која остави илјадници Украинци во мрак.

Британскиот пакет на противвоздушна помош за Украина се проценува на околу 50 милиони фунти, како поддршка на украинската армија за спротивставување на беспилотните летала што Иран и ги испорача на Русија.

Велика Британија е една од најцврстите западни земји кои го поддржуваат украинскиот отпор на руската инвазија и досега издвои 2,3 милијарди фунти воена помош за Киев.

Освен Володимир Зеленски, британскиот премиер во Киев беше дочекан и од врнежи од снег, но и со пофалби од неговите домаќини на адреса на Борис Џонсон за поддршката што ја дал на Украина.