„Супорт Кочани“ ја обезбеди третата донација на компресивна облека за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“. Донацијата е во износ од 2.193.047 денари односно 35.555 евра.
Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.
„Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи кои се корисници на компресивна облека. Овој пат се обезбедени вкупно 176 парчиња специјализирана компресивна облека“ велат од „Супорт Кочани“.











