Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сурова експлоатација на децата питачи во Македонија

/

пред 1610 дена

Сподели преку :

Битола се наоѓа меѓу  градовите  со голем  број питачи, покажува истражувањето на  невладината „Градиме иднина“.

Ги има над 35 постојани, најмногу се ромски деца кои секојдневно се злоупотребуваат да питачат на улица, пред маркетите, во кафулињата и рестораните, во лето и во зима, на екстремни температури.

Работното време им почнува од 11 часот и на улица се до 2 часот по  полноќ. Заработуваат огромни суми, но  парите завршуваат кај организаторите, велат од Градиме иднина

-На ден од питачењето се собираат од 3 до 5, а некаде до 7 илјади денари на одредени локации каде има поголема фреквенција на луѓе. Замислете колку средства се собираат месечно и годишно, и каде завршуваат. Со  тие пари организаторите си дозволуваат луксузен живот, вели Илија Јовановиќ, НВО Градиме иднина

Проблемот е децениски и  бара институционално решавање , вели Јовановиќ  и апелира  граѓаните да не им даваат пари.

-Граѓаните, жителите  на цела Македонија да не  им даваат пари. Доколку тоа се прекине побрзо ќе се реши проблемот, вели Јовановиќ.

Слична е состојбата и во Прилеп, каде има триесетина постојани питачи, а загрижувачка е бројката во Охрид, каде посебно во време на туристичката сезона бројот на питачи достигнува и до 70, а се носат  и од други градови.

Инаку според податоците на здружението „Градиме иднина“, секојдневно во државата питачат  околу 2.000 лица, меѓу нив, мали деца, тинејџери и  возрасни.

Емилија Мисирлиевски