Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СУТКОЗ: Јавните претпријатија тонат во долгови

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Собираат смет, читаат водомери. Косат трева и гранки.. со дотaрен и несоодветен алат, камиони без сервиси, заштини маски и ХТЗ опрема.. Ова е најмалку да се долови вистинската слика во која се наоѓаат дел од јавните претпријатија. Од истите причини голем дел од  вработените одлучиле да си дадат отказ. Со овие тврдења излегоа денеска од синдикатот СУТКОЗ кој ги претставуа врботените во комуналните претрпијатија, токму они вработени и фирми кои се најдоа на удар на јавноста изминатиот период со проблемите со собирањето на сметот, пожарите кои избувнаа на општинските депониии и целокупното снабдување со вода во летниот период.

  • „Во ЈП Водовод и канализација- Скопје во изминатите две ипол години претпријатието по разни основи го напуштија некаде околу 280 вработени и за жал морам да потенцирам дека поголемиот дел од нив, покрај оние кои што ги исполнуваат условите за редовно пензионирање, го напуштија претпријатието поради ниските плати. Паркови и зеленило- Скопје бараме од работниците кои што се ангажираат, но немаат соодветна опрема за работа. Најосновната работа за работниците од Паркови и зеленило се косилките , штиловите оние рачни косилки со кои што косат трева и за жал недостасуваат. Комунална хигиена -Скопје се соочуваме и гледаме дека има проблем со нередовно собирање на смет, тоа не е неангажираноста или не работењето на работниците туку е заради немање на основно средство за работа, односно камиони со кои што би се собрал тој смет“, вели Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.

Тонат во долгови, па оттука недостиг на Освен кадар, опрема, ниски и нередовни плати.

  • „По некои мои информации сите јавни комунални претпријатија на територија на град Скопје се во огромни долгови. Имаше во јавноста некои податоци, не би сакал да шпекулирам меѓутоа она што јас го знам, Водовод има доста големи долгови, Комунална, Паркови и зеленило, Улици и патишта итн“, вели Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.

Изминатите неколку месеци вработени од неколку претпријатија излегоа на протест. Поради неисплата на плати работници во Флораком и Луна, фирмите ќерки на Паркови и зеленило, го изразија своето незадоволство блокирајќи ја Илинденска. Од синдикатот велат дека проблем имале и Јавните претпријатија Комуналец Крива Паланка, Солидарност Виница, Брегалница Делчево и Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови Прилеп. Овие вработени се соочувале со ниски плати и нередовна исплата, неисплаќање на регрес за годишен одмор, немање на работна и здравствена опрема и слично.

Симона Петровска