Со свечена академија „Од слово до вечност“, во црквата „Света Софија“ во Охрид беше одбележан денот на сесловенските просветители „св. Кирил и методиј“.
Од манифестацијата беа испратени пораки за важноста на светите браќа Кирил и Методиј за писменоста.
Се истакнаа улогата на солунските браќа во создавањето на словенската писменост, при што јазикот беше дефиниран како клучен елемент на националниот идентитет, културното достоинство и европската цивилизациска припадност.











