Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Африка над половина милион заболени од Ковид-19

/

пред 2278 дена

Сподели преку :

Бројот на заразени лица со новиот коронавирус во Африка надмина над половина милион луѓе, откако Јужноафриканската Република уште еднаш пријави повеќе од 10.000 новозаболени во еден ден.

Вкупниот број на заболени лица во Африка изнесува најмалку 504.000, но не е познат точниот бројот помеѓу 1,3 милијарди жители, бидејќи 54 африкански држави се соочуваат со недостиг од тестови. Досега поголемиот број тестови се спроведени во главните градови, но вирусот се шири и во внатрешноста.

Во Африка заразени се и 2.000 здравствени работници. Минатата недела здравствените работници во Нигерија, Зимбабве, Конго и Сиера Леоне протестираа барајќи адекватна заштитна опрема и подобри плати.