Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во демонстрациите во Белград повредени 36 лица

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

За време на граѓанскиот протест во центарот на Белград и судирите меѓу демонстрантите и полицијата и жандармеријата, екипите на Брзата помош и лекарите од Ургентниот центар имале преполни раце, а социјалните мрежи беа преплавени со застрашувачки фотографии кои покажуваат тешки повреди кои многумина ги претрпеле.

Труење со солзавец, повреди предизвикани од брутално тепање со палки, шутирање, но и трчање во стампедо, се само некои од причините зошто демонстрантите синоќа побарале лекарска помош.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии кои јасно докажуваат дека членовите на српското МВР не биле воздржани, како што вчера тврдеше директорот на полицијата, Владимир Ребиќ.