Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Русија починаа девет пациенти откако во болница пукна цевка за снабдување со кислород

/

пред 1884 дена

Сподели преку :

Девет пациенти инфицирани со Ковид-19 починаа вчера откако пукна цевка за снабдување со кислород во болница во Владикавказ, главниот град на руската Република Северна Осетија, соопшти Министерството за здравство.

Покрената е истрага за непочитување на безбедносните прописи и смрт поради небрежност, објави Рускиот истражен комитет кој се занимава со тешки кривични дела.

Русија е на четврто место во светот по бројот на заразени со коронавирус, со речиси 6,5 милиони официјално пријавени случаи и најмалку 290,000 смртни случаи.