Русија денеска регистрира 652 смртни случаи од Ковид-19, најцрниот дневен биланс од почетокот на пандемијата.
Според официјалните податоци, во претходните 24 часа во главниот град Москва починало 121 лице.
Во Санкт Петербург, каде во петок се игра четвртфиналниот натпревар на Европското првенство во фудбал, регистрирани се 119 смртни случаи за еден ден.
Во Русија од Ковид-19 починаа вкупно 134.545 лица.











