Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две недели строг карантин во Мадрид

/

пред 2191 дена

Сподели преку :

Строг карантин влезе во сила од синоќа во Мадрид, и покрај оспорувањето на мерката на суд од страна на регионалната влада. Причината за неговото наметнување е се поголемиот број на случаи на заразени со новиот коронавирус во шпанскиот главен град, јави ДПА.

Новите правила, според кои луѓето нема да смеат да влегуваат или да излегуваат од градот и уште девет други области во метрополата без добра причина, стапија во сила синоќа во 22 часот по локално време по наредба на централната власт.

Новите ограничувања влијаат на околу 6,6 милиони луѓе и се очекува да траат две недели.