Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕМА е „цврсто убедена“ во придобивките од вакцината Оксфорд-АстраЗенека

/

пред 2033 дена

Сподели преку :

Регулаторот на лековите на ЕУ вели дека останува „цврсто убеден“ дека придобивките од вакцината Оксфорд-АстраЗенека ги надминуваат ризиците. Повтори дека нема „индиции“ дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта, откако неколку водечки држави на ЕУ го стопираа вакцинирањето. Шефот на Европската агенција за лекови, Емер Кук рече дека остануваат на својата одлука за одобрување на вакцина, а истрагата за случаите на згрутчување крв кај неколку приматели е во тек.

  • Прво морам објасни дека ваква ситуација не е неочекувана. Кога вакцинирате милиони луѓе, неизбежно е да имате ретки или сериозни случаи на заболувања што се јавуваат по вакцинацијата. И нашата улога на ЕМА е да ги процениме овие, да се осигураме дека постои сомневање за несаканите реакции брзо се испитуваат за да можеме да сфатиме, дали е ова реален несакан ефект на вакцината или е случајност?“, истакна Емер Кук, шефот на Европската агенција за лекови.