Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ги прошири санкциите против Белорусија за кризата на границата

/

пред 1766 дена

Сподели преку :

ЕУ денеска на Советот на министри го усвои петтиот пакет санкции за Белорусија, наведуваат европски дипломатски извори, пренесе ДПА.

Санкциите се насочени кон 17 поединци и 11 субјекти за кои се смета дека се виновни за кризата на границата меѓу ЕУ и Белорусија.

ДПА појаснува дека тие веднаш стапуваат на сила, откако вечерва ќе бидат објевни во Службениот весник на Европската унија, правниот регистер за регулативи на ЕУ.

Белоруската државна авиокомпанија „Белавија“ и сирискиот „Чам Вингс“ се очекува да бидат меѓу субјектите опфатени со санкциите.

Унијата ја обвинува Белорусија дека, како одмазда за досегашните санкции, таа превезува луѓе до нејзините надворешни граници со Полска, Литванија и Латвија, а мигрантите потоа се надеваат дека ќе побараат и добијат азил во Европската унија.

ДПА пренесува дека официјален Минск овие обвинувања постојано ги демантира.