Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жан Кастекс е новиот премиер на Франција

/

пред 2283 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Жан Кастекс назначен за наследник на Едуар Филип, кој утринава поднесе оставка на функцијата, јави дописникот на МИА од Париз.

Последната функција на Жан Кастек се однесуваше на спроведувањето на мерките за излегување од изолација, што беа воведени со епидемијата на Ковид-19.

Жан Кастекс (55) завршил студии на ЕНА (Националната школата за администрација). Работел во Судот за ревизори, бил заменик секретар на претседателството на Републиката во периодот меѓу 2011 и 2012 година, кога Никола Саркози бил претседател. Во првиот круг од општинските избори, што се оддржаа на 15 март, Кастекс беше реизбран за градоначалник во Прадес, град во источните Пиренеи.