Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјотрес од 3,9 по Рихтер во Албанија  

/

пред 1838 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер,  попладнево е регистриран во североисточниот дел на Албанија.

Потресот беше во 16:04 часот, со епицентар  на шест километри од градот Клос, односно 24 киломери североисточно од Тирана, а е почувствуван  во Круја, Тирана, Пешкопеја  и други градови во Албанија.

Потрес со послаб интензитет беше почуватвуван и во западниот дел на Северна Македонија, посебно во дебарскиот регион.

На денешен ден пред две години и во исто време (16:05 часот) имаше потрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во подрачјето на Драч, а  според официјалниот биланс, оштетени беа  над 1.500 куќи, стамбени згради и училишта, главно во областа Драч, каде што беше епицентар, но и во Тирана.

По два месеца, на 26 ноември 2019 Албанија ја погоди катастрофален земјотрес, со јана од 6,4 степени, со епцентар во подрачјето на Драч, во кој животот го загубија 50 лица, околу две илјади беа повредени а метеријаланата штета беше проценета а 1,2 милјарди евра.