Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лидерите на црногорската опозиција се залагаат за експертска влада

/

пред 2224 дена

Сподели преку :

Со српски и црногорски знамиња голем број граѓани се собраа вечерва пред црквата Христово воскресение во Подгорица за да ја прослават вчерашната победа на опозицијата на парламентарните избори. Предходните месеци во Црна Гора масовно се протестираше против Законот за слобода на вероисповеста со кој е загрозен имотот и опстанокот на Српската Правоскавна црква во Црна Гора.

Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, денеска се договорија за повеќе принципи врз кои ќе се темели идната црногорска Влада, која ќе вклучува формирање експертска влада, како и измена, дополнување и ревизија на дискриминаторските закони и подзаконски акти, вклучувајќи го и Законот за слобода на вероисповед.

Според заедничката изјава на лидерите, првиот договорен принцип е дека новата, демократска влада одговорно ќе ги спроведе сите меѓународни обврски.

Второ, како што се додава, е дека новата демократска влада ќе ги спроведе сите неопходни реформи со цел Црна Гора да стане членка на Европската унија што е можно побрзо.

Според Кривокапиќ, Бечиќ и Абазовиќ, новата, демократска влада ќе биде експертска, конституирана од експерти во специфични области, без оглед на нивните политички, верски, национални или какви било други карактеристики.

Според резултатите од вчерашните парламентарни избори Демократска партија на Социјалистите на Мило Ѓукановиќ освои 35, 06 % од гласовте, а опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ – 32,55 отсто од гласовите.