Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Луизијана се подготвува за месец без струја и вода по ураганот Ида

/

пред 1859 дена

Сподели преку :

Јужна Луизијана се подготвува за месец без електрична енергија и сигурно снабдување со вода по ураганот Ида, една од најмоќните бури што помина по брегот на Мексиканскиот Залив.

Околу 1,3 милиони домаќинства до вчера беа без електрична енергија, повеќето од нив во Луизијана.

Во невремето загинаа најмалку четири лица. Бројот на загинати веројатно ќе беше многу поголем доколку не беше системот на заштитни насипи изградени околу Њу Орлеанс откако градот беше уништен од ураганот Катрина пред 16 години.

Ситуацијата е отежната од топлото време во делови од Луизијана и Мисисипи, каде вчера температурите достигнаа 35 степени Целзиусови.

Се проценува дека може да поминат до 30 дена пред целосно да се врати напојувањето со електрична енергија.