Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наставничка-антиваксерка од Марибор доби отказ

/

пред 1834 дена

Сподели преку :

На наставничка во основно училиште во Марибор и било врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или да се вакцинирана против Ковид-19, што е прв таков случај откако словенечката Влада ги заостри антиепидемиските мерки, пишуваат словенечките медиуми.

На наставничката од почетокот на учебната година и била одредена привремена забрана за работа бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование.

Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.

Според локалните медиуми, наставничката била активна во група против вакцинација, која неодамна упадна во студио на информативна програма, барајќи да престане „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“.