Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку едно лице убиено во терористички напад во Виена , се стравува за поголем број жртви

/

пред 2161 дена

Сподели преку :

Најмалку едно лице е убиено во центарот на Виена а стравувањата се дека уште неколку други луѓе се мртви во престрелката со огнено оружје, според полицијата во главниот град на Австрија.

Министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер изјави дека според информациите, станува збор за очигледен терористички напад.

Повеќе осомничени напаѓачи вооружени со огнено оружје го извеле нападот на 6 различни локации, а меѓу повредените има и еден полицаец.

Еден од напаѓачите бил убиен од полицајците.

Австриските безбедносни органи апелираа до граѓаните да го избегнуваат центарот на Виена и да не го користат јавниот транспорт. Поставени се и повеќе полициски блокади на улиците во центарот на градот.

Една од локациите каде се случил нападот е на улица во близина на синагога.

Сепак, лидерите на еврејската заедница во Виена велат дека засега не е познато дали синагогата била цел на нападот, бидејќи кога се случил инцидентот , била затворена и немало никој во објектот.