Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД со воздушен напад спречиле уште еден бомбаш самоубиец во Кабул

/

пред 1861 дена

Сподели преку :

САД извршиле уште еден воздушен напад со беспилотно летало за да спречат нов самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Целта на воздушниот напад бил автомобил бомба, на огранокот на Исламската држава во Авганистан, со кој требало да биде извршен уште еден напад кај аеродромот во Кабул. Информацијата ја потврдија и талибанците. Објавувањето на американскиот беспилотен напад следуваше откако во Кабул претходно одекна уште една експлозија, за која беше соопштено дека всушност била ракета која погодила куќа во близина на аеродромот. За сега нема информации дали двата настани се поврзани. На аеродромот во кабул остануваат уште околу 1.000 цивили кои се одобрени за евакуација и ќе одлетаат во следните два дена. Вторник е последниот рок до кога и последниот американски војник треба да замине од Авганистан.

Заканата реална и активна. Нашите војници сѐ уште се во опасност, и така ќе биде се додека се таму. Ова е најопасниот дел од мисијата, вели прес секретарката на Белата куќа Џен Псаки.

Во нападот во четвртокот извршен од страна на огранок на Исламската држава во провинцијата Хорасан загинаа 170 лица кои чекаа евакуација пред аеродромот во Кабул. Веднаш потоа Бајден предупреди дека тоа нема да биде последен напад, а Стејт департментот објави нови препораки за преостанатите Американци во Авганистан.

Во интервју за Ројтерс, портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, изрази надеж дека во следните неколку денови ќе успеат да состават нова влада. Муџахид призна дека брзото преземање на Кабул ги изненадило и самите талибанци, и поради тоа се соочиле со мали пречки во формирањето на нова влада. Од самото преземање на Кабул, талибанците настојуваат да докажат дека повеќе не се ултрарадикалната религиозна група од 90-те години, и дека се подготвени да прифатат одредени отстапки од нивната доктрина. Но западните земји велат дека нема да бидат заведени и идните односи со талибанците ќе зависат од нивните постапки.

Ако новиот режим во Кабул посакува дипломатско признавање, или да бидат облокирани милијардите замрзнати средства, ќе мораат да обезбедат безбеден пристап на оние кои сакаат да заминат од земајта, да ги почитуваат правата на жените и девојчињата, да не дозволат Авганистан повторно да стане инкубатор за глобалниот тероризам. Бидејќи тоа би било катастрофално за Авганистан, порача британскиот премиер Борис Џонсон.

Во меѓувреме талибанците соопштија дека во своите редови имаат техничари и инжењери кои се подготвени веднаш да ја преземат контролата над аеродромот од Американците и тој непречено да продолжи да функционира. Тие исто така последниве неколку денови постојано повторуваат дека нема да ги спречуваат Авганистанците кои сакаат да заминат од земјата тоа да го направат со комерцијални летови.

Игор Трајков