Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов негативен рекорд во Грција, починаа 71 лице од Ковид-19

/

пред 2148 дена

Сподели преку :

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, починаа 71 лице, додека пак намален е бројот на новозаразени во споредба со претходните денови.

Исто како и минатата недела, поради помалиот број направени тестови, новите случаи се по 2.000, односно 1.698, додека, пак, 392 пациента се приклучени на апарати, односно 26 повеќе од вчера.

Најголемиот број нови случаи, повторно се во Солун, 435 и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 405 заразени.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 74.205 случаи на Ковид-19, а се регистрирани 1.106 смртни случаи.