Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протести во Висконсин откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец

/

пред 2231 дена

Сподели преку :

Во градот Киноша, во американска сојузна држава Висконсин, вчера избувнаа протести откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец, поради што локалните власти воведоа полициски час.

Жртвата е идентификувана како Џејкоб Блејк, црнец од Киноша, кој во сериозна здравствена состојба е  хоспитализиран со повеќе рани од огнено оружје.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, ја осуди прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и побара таа во иднина да постапува со помалку агресија кон црнците во Висконсин, пренесуваат британските медиуми.

Засега не е позната причината заради која полицијата го застрела Блејк, но целиот случај го истражува Секретаријатот за правда во Висконсин.

На видео снимка што кружи на социјалните медиуми се гледа како Блејк се приближува кон возило и како полицајците пукаат во него додека ја отвора вратата од автомобилот.

Голем број огорчени граѓани набрзо излегоа на улиците во Киноша, гаѓајќи ги полицајците со молотови коктели и тули, а набргу потоа во градот беше прогласен полициски час.