Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Радев ја обвини бугарската мафија за апсењето на негови блиски соработници

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

Бугарското обвинителството влезе во кабинетот на претседателот на државата, Румен Радев , при што се уапсени двајца од неговите најблиски соработници, заедно со бизнисменот Пламен Бобоков.

Главниот обвинител од Габрово, Иван Гешев, соопшти дека станува збор за   две предистражни постапки кои ги водат военото и специјалното обвинителство за злоупотреба на службена позиција на секретарот на претседателот за правни и антикорупциски прашања, Пламен Узунов.

Обвинителите извршиле и претрес во кабинетот на Узунов при што биле одземени документи и неговиот компјутер, заради сомнение дека се поврзани со делото за кое е осомничен.

Во знак на поддршка на Радев, пред неговиот кабинет се собраа повеќе стотици негови поддржувачи на кои подоцна им се обрати и бугарскиот претседател, кој оцени дека против него се води специјална војна, од како што рече, мафијата во државата против која тој се бори.