Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рама од Обединетите нации повика на признавање на Косово

/

пред 1834 дена

Сподели преку :

Албанскиот премиер Еди Рама во говорот пред Генералното собрание на ОН побара земјите што сè уште не ја признале независноста на Косово, да го сторат тоа.

Тој рече дека „суверенитетот на Косово е реалност која трае 13 години и оти секој треба да ја прифати“.

Рама оцени и дека Генералното собрание на ОН никогаш нема да биде целосно без Косово.

Ова големо Собрание не е, и нема да биде, комплетно без една од државите во нашиот регион, Република Косово. Ме слушнавте многу пати како повикувам за признавање на независноста на Косово. Тоа не е опсесија, тоа е повик да се признаат новите реалности во срцето на Европа, на Западен Балкан, каде што се роди нова држава со помош на меѓународната заедница, рече Рама.

Тој изрази верување дека „Србија само со претпазливост ќе успее да се ослободи од товарот од минатото“.

Рама, исто така, рече дека го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина „како единствена можност што ќе донесе меѓусебно признавање на двете земји“.