Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русите тврдат дека украински воени авиони одлетале кон Романија

/

пред 1691 дена

Сподели преку :

Секоја земја која ќе одобри користење на своите аеродроми на укаринските авиони за напади врз руските сили, би се сметала за држава која влегла во судирот, изјави денеска портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.

-Практично, уништена е целата авијација на режимот во Киев којашто е способна за борбени дејствија. Но, од сигурен извор знаеме дека украински авиони полетале кон Романија и кон други соседни држави, изјави денеска Конашенков.

Според него, доколку украинските авиони ја користат аеродромската мрежа во соседните држави за напад врз руските воени единици кои на 24-ти февруари ја почнаа инвазијата врз Украина, од Русија би можело да се смета за мешање на тие држави во судирот.

Украина бара над нејзината територија зона за забрана за летање, но Русија пак смета дека таква одлука ќе ја смета за објавување на војна.

Евакуацијата пропадна- Русија со закана до соседните земји кои и помагаат на Украина