Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

/

пред 2269 дена

Сподели преку :

Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтерова скала ја погоди денеска Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 18 километри југоисточно од местото Вау, на длабочина од 85,2 километра под површината на земјата.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во тихоокеанскиот „Огнен прстен“, формиран од ланец на сеизмички активни области и вулкани, вклучувајќи и подводни, протегајќи се на повеќе од 40.000 километри.